Захариева го прашува Заев: Принципиелно ли е да воспитуваш генерации по генерации со омраза кон соседната држава и целиот народ?

10.02.2021 / 12:18


Бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева ја критикуваше изјавата на премиерот Зоран Заев дадена во понеделникот на дебатата на американскиот тинк-тенк Атлантски совет на тема „ Македонија на прагот на Европа“.

Заев тогаш кажа дека позицијата на Бугарија е непринципиелна и спречи овозможување на првата меѓувладина конференција со ЕУ со што требаше да биде означен почетокот на преговорите.

-Нашиот став е дека пријателите не треба меѓу себе да се блокираат. Напротив тие треба да си помагаат. Бугарија мора да разбере дека имаме суверено право да се определиме и чувствуваме како Македонци кои зборуваат македонски јазик, а со тоа да се почитуваат и сите европски идентитети кои ги имаме во нашата земја. Сметам дека нивниот сегашен став е анахрон и е спротивен на меѓународното право. Ние како држава ќе продолжиме да ги правиме сите напори да постигнеме надминување на проблемите, притоа почитувајќи се себе си и останатите. Нашата држава е Европа во мало, рече тогаш Заев.

Захариева истакна дека нивниот проблем е тоа што сметаат дека се негува омраза кон Бугарите и оти не се исполнува Договорот.

-Принципиелно ли е да воспитуваш генерации по генерации со омраза кон соседната држава и целиот нејзин народ. Проблемот е дека се негува омраза кон Бугарите, дека не се исполнува Договорот. Не може во 21 век да продолжуваат овие форми на секаков вид дискриминација, рече Захариева во одговор на изјавата на Заев.

Захариева повтори дека Бугарија сака да ја види  Македонија како дел од Европската Унија.

-Тоа што сите не прашуваат е зошто да не започнат преговори, а во самиот преговарачки процес да се решат проблемите. Само што не може се да се решат за еден ден, емотивни се, сакавме неколку чекори пред процесот за одобрување за ЕУ, рече Захариева за Нова ТВ.

Таа е уверена дека со коалициските партнери нема разлики во однос на македонското прашање.

-Во однос на темата за Република Македонија имаме одлука во Парламентот, што е едногласно усвоена. Со сигурност има затегнување во односите и сметаме дека сите треба да ги смириме емоциите, додаде Захариева

 

 

Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Регион

Ратко Младиќ е на смртна постела

пред 15 мин.
Регион

Курти не сакал да си замине од српскиот затвор

пред 4 часа
Регион

Звицер и Веља невоља може да бидат на раат: „Скај“ пораките не можат да бидат доказ

пред 4 дена
Регион

Таче контра Бујар: Тој што не може да формира влада значи изгубил на изборите

пред 5 дена
Регион

Олбрајт сокрила докази за геноцид врз Србите во Сребреница

пред 7 дена
Регион

Берат Бужала: Сојузничките земји ја поддржуваат коалицијата ВМРО ДПМНЕ-ВЛЕН

пред 1 нед.
Регион

Синот на Пабло Ескобар во Белград ќе држи предавање

пред 1 нед.
Регион

Дали Пленковиќ ќе се замени Фон Дер Лајен на чело на ЕК?

пред 1 нед.
Регион

Партијата на Ѓукановиќ купила софтвер кој може да ги препознае полтичките ставови на граѓаните

пред 1 нед.
Регион

Познатиот ловец на нацистите тврди: Не секое воено злосторство е геноцид

пред 1 нед.