Од почетокот на процесот, први јануари 2018, до декември годинава, 220 судии и обвинители во Албанија минале низ процесот ветинг.

Независната комисија за квалификација (КПК) потврди дека 94 судии и обвинители останале на своите работни места, додека отпушти се 83 нивни колеги, еден субјект е суспендиран за период од една година, a 16 субјекти завршил процесот на оценување но нема без конечна одлука.

-Бројот на отпуштени од системот се очекува да биде поголем, бидејќи се очекува околу 800 судии, обвинители и правни асистенти во сите три нивоа на судството да поминат низ ситото на ветинг,наведува Ора њуз телевизија.

Според КПК, за судиите и обвинителите кои до сега се разрешени главна причина е што не можеле да објаснат од каде им е стекнатиот имот, додека во неколку случаи тоа е поради непрофесоналност,бидерјќи донесле неправедни решенија.

-Но, ова е само прво филтрирање, бидејќи во 90 отсто од случаите потврдени од првостепениот орган, Јавниот комесар го искористи правото на жалба со отстранување од системот на имиња како што е Бесник Мучи, за кого неодамна шефот на државата потпиша указ за член на Уставниот суд,потоа членот на Високиот совет на обвинители, (КЛП), Гентиан Османи, како и други судии и обвинители, кои успешно ја поминале првата скала на проверка, но паднале во Посебниот апелациски колегиум (КПА),независна институција,која меѓу другото има задача да ги оценува одлуките на КПК, наведува телевизијата.

Премиерот во заминување Зоран Заев првично најави ветинг и во македонското судство, но притисокот од страна на ЕУ се откажа од таквата идеја.Заев веднаш почна да говори за проветртување и оти судството треба да се се откаже од неподобните судии и обвинители.