Извршната директорка на Европскиот фонд за Балканот, Хедвиг Морваи, истакна дека треба да се заборави 2025 година, како датум за влез на земјите од Западен Балкан во Европската Унија.
Морваи истакна дека не е можно да се оствари таквата цел до таа година затоа што регионот не ја одработува својата работа, а ЕУ не е подготвена да го смени пристапот кон регионот, бидејќи и самата се соочува со тешки предизвици.
Таа го истакна значењето на регионалната соработка и вели дека таа е средство за развој на регионот.
Треба да се искористи регионалната соработка за да решиме некои тешки прашања, рече Морваи.
Таа оцени дека на почетокот на годината имало некои позитивни чекори како од регионот, така и од страна на ЕУ, но сега повторно се врати стаус кво.
Comments are closed for this post.