Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај во говор пред студенти во Тирана, изјави дека Србија ја финансирала идејата за промена на границите, која има поддршка во Косово.

Зошто треба да се наметне таква дебата откако Србија вложила, дала пари, создала пријатели и лобирала за таа идеја да се прошири и до нас. Зошто треба да се соочиме со теоријата за поделба. И јас немав доволно дискусии со мојот народ за да им покажам каде е вистината – изјави Харадинај во Тирана.

Како што пишува косовскиот весник „Коха Диторе“, идејата за промена на границите има поддршка од косовскиот претседател Хашим Тачи.

За Тачи, Харадинај смета дека претседателот на Косово има право да ја води надворешната политика на земјата, но да не разговара со никого за територијата и границите.

Тоа право му припаѓа само на косовското Собрание – смета Харадинај.