Американскиот Стејт Департмент од својата интернет страница го тргна извештајот дека во Црна Гора се случил обид за државен удар потпомогнат од Русија со цел да се спречи приемот на земјата во НАТО.

Ова било направено по директно барање на државниот секретар на САД Мајк Помпео пред неговата посета на Москва.

Српските медиуми коментираат дека САД го изиграле претседателот Мило Ѓукановиќ откако тој им ја заврши работата и ја внесе земјата во НАТО и ја тргна од „прегратките“ на Русија.