Српскиот претседател Александар Вучиќ за РТС изјави дека косовските власти сакаат да уапсат над 20 полицајци од Северот на Косово и уште 15 ллица, под изговор дека учествувале во корупција.

Тој оценува дека кога ќе се влезе во одредена фаз ана политичко лудило не може да се пронајде излез,а тоа како што вели денес е случај со албанските официјални претсавници во Косово.

Тие сакаат да уапсат 26 припадници на полицијата од Северот на Косово и Метохија и уште 15 лица, под изговор дека учествувале во корупција и други слични работи, за Косовска Митровица да остане незаштитена и да можат да ги направат највалканите работи против нашиот народ“, рече Вучиќ.

Потоа како што вели би следувал завршниот обид за целосно одвојување на просторот каде што живеат Срби.

Тогаш би рекле: ве донесовме пред свршен чин, како Хрватите пред „Олуја“. Многу сум загрижен. Ме загрижува тој маѓепсан круг кој не е затворен. Ќе реагираме, ќе има различни општи акти кои ќе бидат усвоени главно од страна на Националното собрание и подзаконските акти што ќе ги усвои Владата. Мораме да реагираме на начин да бидеме сериозни, воздржани и да внимаваме да не се губи кредибилитетот како сериозни луѓе и земја во меѓународната заедница“,  вели Вучиќ