Претседателот Вучиќ истакана дека Србија нема што добро да очекува во однос на Косово и Метохија и нагласи дека сега не се води дијалог со Курти.
„Нема што добро да очекуваме. Многумина мислат дека ситуацијата во Украина ќе биде надоместена со Косово, немаме ништо добро да очекуваме од разговорите за Косово и Метохија бидејќи не разговараме. Порано имавме дијалог, но сега со Курти го немаме“, кажа Вучиќ.
„Што се однесува до Косово и Метохија, ситуацијата не е добра, сè оди кон протерување на Србите од таму и Србија да ја признае косовската независност, јас сум голем скептик во тој поглед“, рече српскиот претседател.
Comments are closed for this post.