На територијата на Хрватска пред неколку дена е уапсен Филип Кораќ, десната рака на Лука Бојовиќ, пишува „Новости“.

Последен пат за овој човек во јавноста се зборуваше  Вељко Беливук кој рече декад Кораќ е соработник на Безбедносно-информативната агенција и Интерпол, но и на Јован Вукотиќ од Котор, кој според оперативните информации на црногорската полиција се смета за наводен водач на „Шкаљарскиот клан“.

Со Лука Бојовиќ се поврзува со години

Неговото име со години се поврзува со името на Лука Бојовиќ, кој моментално издржува затворска казна во Шпанија. Медиумите објавија дека Кораќ е „десната рака“ на Бојовиќ, како и дека тој ги води сите негови работи и во Србија и во Црна Гора.