Ако кажете – Србија ќе има леб, а Босна и Херцеговина нема, тоа значи дека ни Србија нема да има, затоа е бесмислено“, вели српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју за „Дневни аваз“.

Споре него, важна е соработката и довербата во земјите од регионот.

  – Секако дека имаме доволни количества пченица за Србија, и повеќе од доволно, но бесмислено е да се каже дека нешто ни е доволно, а луѓето од соседството го немаат. Во тој поглед Србија ќе биде отворена. Веќе ги добивме првите барања од Албанија и работиме на нив. Но, ако кажете дека Србија ќе има леб, а Босна и Херцеговина нема да има, тоа значи дека и Србија ќе нема. Значи тоа е бесмислено. Ќе имаме доволно и едни и други. Луѓето треба да знаат, што и да кажат за мене, што и да кажат за Србија, сосема е сигурно дека Босна и Херцеговина сигурно ќе добие дел од количината на пченица, во тоа нема дилема. Важно е да разговараме – рече Вучиќ.