Елса Лила една од најпознатите пејачки во Албанија е уапсена како дел од криминална група во Италија.

Има 40-години и е голема поп ѕвезда а сега е зад решетки. Нејзиното апсење е дел од големата акција против албанската банда Аринди Бочи, познат како „Ринди“.

Лила била народски кажано „сметководител“ на групата. Таа била прислушувана во разговор со првиот човек на организацијата, со кого разговарала за поткуп и корупција на функционери . Во овој случај бил вмешан и боксерот Петрит Барди, познат како „Тити“, кој исто така бил дел од групата Албанци со Арбен Зогу и Доријан Петоку – „Рикардино“ и „Плутон“ во бизнис со Фабрицио Писцители.