Александар Вучиќ и неговата Напредна странка е убедлив победник на денешните парламентарни избори во Србија со околу 64 проценти од вкупниот број гласачи. Во српската Скупштина влегоа само три партии.
СНС која освои 63,4% гласови, што ќе ѝ донесе дури 180 пратенички места од можни 250, а далеку на второто место е нејзиниот коалициски партнер Социјалистичка партија со 10,3%. Трета по освоени гласови е партијата на бившиот ватерполист Александар Шапиќ, СПАС, со 3,9% гласови.
Comments are closed for this post.