Претседателот на Србија Александар Вучиќ размислува да распише вонредни парламентарни избори на 31 март, дознава Информер, повикувајќи се на извори од Претседателството и врвот на Српската напредна странка.
Како што наведува порталот, причината за распишувањето избори е кризата во дијалогот со Косово, за што во петокот зборуваше претседателот Вучиќ.
Доколку Приштина не ги повчеле царинските такси, јасно е дека води политика на уцена. Ако е тоа така, тогаш ништо не нè спречува да одиме на избори, изјави Вучиќ, иронично порачувајќи дека „фер е да и се даде шанса на идејата на Харадинај да го сменат од власт.
Вучиќ побара ЕУ јасно да влијае на Приштина и да укаже на неопходноста од дијалог.
Потенцирајќи дека не му е тешко тоа да го каже, Вучиќ уште еднаш ја замоли Приштина да ги укине царинските давачки.
Comments are closed for this post.