По најновите напади врз локални Срби во Хрватска, српскиот претседател, Александар Вучиќ, изјави дека станува разбирливо зошто пред 30 години Србите се побиниле против хрватската власт.
Ваквата реакција на Вучиќ доаѓа откако во средата во кафулиња во населбите Уздољ и Џеврска, во близина на Книн, имаше напади врз гости од српска националност додека гледале пренос од натпреварот на белградска Црвена звезда против швајцарски Јанг Бојс. Полицијата поднесе пет прекршочни и една казнена пријава за инцидентот во Џеврска, додека случајот во Уздољ се уште се истражува.
Во својата изјава за Пинк, Вучиќ додава дека нападите се страшни и додаде дека Србија ќе му помогне на својот народ во Хрватска, без да наведува детали.
И ден денес ги ловат за да видат кој смее во Хрватска да навива за Звезда. Затоа е разбирливо што најголем дел од граѓаните на времето се побуни против таквиот режим и што се уште протераните Срби од Хрватска живеат во Србија – изјави Вучиќ.
Како што истакна Вучиќ, неверојатно е што Хрватска во 21 век нема подобар одговор за ваквите напади освен приказната за големосрпска агресија, потсетувајќи на расправата во Хрватска за наводниот договор на Вучиќ со хрватската претседателка, Колинда Грабар-Китаровиќ, да не го употребува тој израз.
Фасцинирам сум од потребата на хрватските офивијални претставници пет милиони пати да ги повторуваат флоскулите за големосрпската агресија. Ништо не ги разбирам, затоа што кога би зборувале за меѓусебните жртви тоа е неспоредливо, како од Првата, така и особено од Втората светска војна. Да зборуваме секојдневно за геноцидот во Јасеновац, злосторствата во Глина и на други места, нема да биде ништо корисно – изјави Вучиќ.
Хрвтската претседателка засега нема коментар за нападите врз локалните Срби во Книн.
Comments are closed for this post.