Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека на земјите во регионот им пречи тоа што Србија е посилна.

Зошто медиумите во регионот се радуваат на пропаста на Александар Вучиќ? Зошто сум им проблем? Што сум направил против нив? Им пречи тоа што Србија е посилна – изјави Вучиќ за „Пинк“.

Вучиќ соопшти дека ги следи и регионалните и светските медиуми и оти забележал дека откако почнале протестите во Белград, најсилна поддршка доаѓа од Загреб, од хрватските медиуми, од приштинските и од босанскохерцеговските.

Коментирајќи го интервјуто на Вук Јеремиќ за ТВ БИХ, Вучиќ рече дека гледал еден дел и оти било „одвратно за земјата“.

Важно е дека од лажен патриот слушнавме дека Србија е виновна за сите судири. Откако сум тука, ние не сме имале никакви судири. Тоа е лична омраза и жал поради тоа што не може да биде на мое место – истакна српскиот претседател.