Претседателот на Србија, Александар Вучиќ потврди дека премиерот на Македонија, Зоран Заев му се јавил да му се извини после она што го говореше за преговорите меѓу Белград и Приштина со руските комичари.

Момците кои му се јавија на Заев го одработија тоа навистина професионално бидејќи е многу тешко да закажеш било каков разговор со високи државници. Заев ми прати извинување за она што го рекол. Моја обврска е Заев и некои други претседатели да ги нарекувам пријатели и тоа го правам од куртоазија – изјави Вучиќ во емисијата „Хит твит“ на Пинк.