Платите кај нас ќе растат и пропорционално и апсолутно многу побрзо од развиените земји, рече во интервјуто за ТВ Хепи српскиот претседател Александар Вучиќ, кој смета дека прашање на време е кога многу бараните работници, како мајсторите и градежниците, ќе почнат да се враќаат во Србија, посебно откако земјата ќе ја постигне очекуваната повисока просечна плата.
Разговарав со естонската претседателка на оваа тема, таа ми рече Александаре, кога ќе достигнете просечна плата 1.000 евра луѓето ќе почнат сами да се враќаат, пошто тука имаат и куќи и имот. Но, не е само тоа. Ние цело време зборуваме во Србија ова е скапо, она е скапо, никој не зборува дека имаме најевтина електрична енергија во Европа. Значи имаме поевтина струја од Македонија, значајно поевтина од Црна Гора, пониска цена дури и од БиХ, а имаме значајно повисоки плати. Така што, сакам луѓето тоа да го видат, и да ги споредат трошоците за живот, рече Вучиќ.
Тој вети дека до крајот на мандатот на следната влада просечната плата ќе ги достигне тие илјада евра, но дека не ги заборава ни пензионерите, зна кои вели просечната пензија ќе им биде 500 евра.
Comments are closed for this post.