Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа телефонски разговораше со американскиот заменик помошник државен секретар Метју Палмер за Косово и регионот, соопштија од неговиот кабинет.
Во него се наведува да Вучиќ кажал дека Србија ќе продолжи да се залага за одржливо компромисно решение за Косово, истовремено заштитувајќи ги државните и националните интереси на Србија, како и интересите на Србите кои живеат на Косово.
Тема на разговорите била и ситуацијата во регионот, а Вучиќ и Палмер се согласиле дека мирот и стабилноста во регионот се клучни за напредокот.
Вучиќ и Палмер се договориле повторно да се состанат во наредните 10 дена
Comments are closed for this post.