Патријархот Вартоломеј Први, кого уште го нарекуваат и „вселенски патријарх“, а кој во 2015 година беше награден од поранешниот претседател Росен Плевнелиев за заслуги, што се уште не се познати, го вознемири целиот православен свет со две непријатни новини, пишуваат бугарските „Гласови“. Првата е неговата намера на Бадник да го врачи указот за автокефалност на Украинската црква, со што, категорични се богословите, забива нож во срцето на православието. И втората дека, имено, Бугари ги украле ракописите заради кои тој го даде на суд Пристонскиот универзитет.
Вселенскиот патријарх Вартоломеј Први Константинополски поведе судска постапка против Пристонскиот универзитет, со која бара од таму да му бидат вратени ракописи стари 1000 години, за кои тврди дека биле украдени од Бугари во текот на 1917 година од мнастир во Северна Грција. Наводно, Бугарите кои го нападнале манастирот „Теотокос Ејкосифоиниза“ ги убиле монасите и ги украле древните ракописи.
Без никакви сериозни аргументи Вартоломеј ги нарекува овие Бугари како „банда од 60 престапници и тоа уште пред судскиот процес и да започне. Пред извесно време, истиот тој Вартоломеј ја укори БПЦ дека сака да е црква-мајка на македонската и рече дека само Константинопол е црквата-мајка, т.е. сите цркви ги смета за „свои“ и раководени од него.
Меѓутоа, во православието нема „папа“, се шегуваат богословите, иако узурпаторската политика на Вартоломеј веќе буди сериозна загриженост.
Еден век по „крвавиот престап“ за кој сега сме обвинети, не е јасно како Вартоломеј дошол до „докази“, со кои не обвинува пред судот.
Универзитетот во Принстон, пак, не ги признава наводите.
Врз основа на информацијата, со која располагаме, не откривме никакви основи да се сомневаме дека ракописите, што ги поседуваме, биле украдени за време на Првата светска војна или биле незаконски одземени од поседувањето на патријархот, посочува во меил портпаролот на универзитетот, Мајкл Хочкис.
Згора на се, во одговорот на писмото на Вартоломеј велат дека два од бараните ракописи воопшто не биле во манастирот за кој тој вели дека бил нападнат и ограбен!? Не е можно тие два ракописа да биле украдени од Бугари или од кого и да било друг!?
Ракописите, што ги бара Вартоломеј и се наоѓаат во универзитетот во Принстон, несомнено се вредни реликвии за целиот православен свет. Тоа се ракописот на Свети Јован Златоуст-„Коментар на Евангелието по Матеј“, препишан во текот на 955 година по Христа од писарот Никифор, ракописот на Свети Јован Лествичник „Божествена скала“, препишан во 1081 година во Константинопол од писарот Јозеф, и страници од 9 век, што најверојатно биле дел од ракописот „Коментар на Евангелието по Матеј“.
Меѓутоа, Вартоломеј си ја „влече чергата“ кон себе и заедно со адвокатот-човек на Грчката православна црква, во писмо до Пристонскиот универзитет во 2015 година посочените ракописи ги нарекуваат „неделив и нераскинлив дел од Византиската култура“. Само на едно место во писмото двајцата Грци срамежливо споменуваат:„Тие се и свети писанија, што се уште се читаат и почитуваат од Источната православна црква и нејзините мирјани“.
Во моментов сме исправени пред случај од национално значење: Името на Бугарија веќе низ целата Земјина топка се споменува со петното на „банда престапници“ и можеби е време да прашаме со какви аргументи сме наречени такви од страна на вселенскиот патријарх? Како христијани, пак, редно е да го прашаме од „иста црква ли сме“ со патријархот или тој одговара за друга „вселена“ во која ние не припаѓаме?!
Comments are closed for this post.