Косовскиот портал „коха.нет” објави денеска препорака на американскиот Центар за контрола и превенција на болестите (ЦДЦ), упатена до туристите кои го посетуваат Косово, да не ја пијат тамошната вода од чешма, јави дописникот на МИА од Приштина.

Повикувајќи се на порталот „дисинсајдер”, „Коха” пишува дека ЦДЦ редовно ги анализира податоците за водата во земјите во светот, а во последниот извештај на списокот се најдоа 187 земји во кои на туристите не им се препорачува да пијат вода од чешма.

Тоа, според Институтот, не значи дека водата во тие земји не е безбедна, туку само дека не се препорачува за пиење, наведува приштинскиот портал