Во сите основни и средни училишта во Хрватска на 19. Ден од штрајкот на просветните работници нема настава. Штрајкот е поддржан и од вработените на универзитетите. Покрај штрајкот, синдикатите организираат и протест „6.11 за 67,11 отсто“ пред хрватската Влада.
Владата и синдикатите вчера ги продолжија преговорите, но засега ниту една страна не отстапува од своите ставови. Синдикатите веќе ги дефинираа своите ставови, а Владата, според изјавите на синдикатите, до следниот понеделник треба конечно да ја дефинираат својата позиција.
Владата веќе понуди зголемување на платите за шест отсто за сите вработени на кои плата им дава државата, но наставниците и професорите бараат поголеми коефициент и кои би ги изедначиле со останатите од државната служба.
Хрватските наставници во просек имаат плати од 800 до 1000 евра, професорите нешто поголеми, а лидерите на синдикат – 2.300 евра.
Comments are closed for this post.