Во Тирана почна изградбата на облакодерот Downtown One, проектиран од холандското архитектонско студио MVRDV, што ќе биде највисоката зграда во државата. Нејзината висина ќе достигне 140 метри и ќе биде значително повисока од досега водечката, 91 метри високата Rajfi Residence.
Облакодерот во Тирана ќе биде впечатлив и по друг елемент-на фасадата ќе има издадени конзолни блокови. Гледани од далеку, тие ќе ја формираат картата на Албанија, а секој блок ќе означува конкретен град.
Зградата ќе има 37 ката со станови за живеење и канцеларии. Вкупната површина ќе изнесува 77.000 квадратни метри. Нејзината изградба треба да заврши во 2024 година.
Comments are closed for this post.