Српската полиција уапси седум луѓе поради сомневање за препродажба на 31 тон расипано месо и месни преработки од Бразил во државата, јави Танјуг.
Лицата се осомничени за кривични дела здружување заради вршење кривично дело како и злоупотреба на службена должност.
Осомничените во периодот од јуни до август оваа година набавиле околу 31 тон месо и месни преработки од Бразил на кои им бил поминат рокот за употреба. Полицијата се сомнева дека расипаното месо го препродале на разни фирми кои се занимаваат со преработка на месо
Comments are closed for this post.