Кризниот штаб во Србија утрово е на состанок да ја разгледа епидемиолошката состојба во земјата, откако вчера беа регистрирани над 3 200 нови заразени и 15 починати во 24 часа.
Според извори од здравстените институции, голем број од заразените се млади и деца, главно од школска возраст.
Се зголемува и бројот на хоспитализации на пациенти со средно тешка и тешка состојба, а 157 лица се на респиратор.
Во Србија веќе одамна се спроведува вакцинацијата при што досега се вакцинрани околу 1 300 000 граѓани што ја става земјата високо на светската листа на имунизирано население.
Но, лекарите предупредуваат дека како резултат на непочитување на мерките, на Србија и се заканува враќање на состојбата од декември лани кога имаше по 8 000 новозаразени дневно.
Comments are closed for this post.