Во Србија до овој момент се вакцинирани 555.000 граѓани, а од денеска на 200 пунктови 5.500 лица ќе ја примат втората вакцина, со што почнува масовната ревакцинција на жителите, пренесува МИА од Белград.
Втората доза на вакцина денеска ќе им биде дадена на 5.500 граѓани, утре 15.000, потоа 30.000, за да се дојде до 60.000 лица во еден ден.
Паралелно во Србија продолжи да пристигнуваат нови дози на вакцини. Вчера пристигнаа дози на вакцината за коронавирус произведена од компаниите „Фајзер“ и „Бионтек“.
Европската унија го прими руското барање за регистрација на вакцината „Спутник V“.
Comments are closed for this post.