По Италија и во аптеките во Србија почнаа да се продаваат ковид-тестови кои граѓаните може да си ги купат и сами, во домашни услови да се тестираат.

Во изјава за Б92, директорката на „Апотека“ од Белград, Јасминка Бјелетиќ, вели дека тестовите за коронавирус, кои се сигурни 98 проценти, од денес ќе може да се купуваат во белградските аптеки.

Таа посочува дека засега ќе бидат снабдени 40 најголеми и најважни аптеки во градот, но како што вели, веќе се порачани и дополнителни комплети, кои ќе бидат дистрибуирани според барањата и потребите на аптеките.

На самиот комплет наведени се и упатства како грашаните сами може да се тестираат во само 5 чекори и да проверат дали се позитивни на Ковид-19.

Тестовите се произведени во Кина и Јужна Кореја. Цената е 1.296 динари или 10 евра.