Поради густата магла се откажани сите пристигнувања и поаѓања од Меѓународниот аеродром во Сараево планирани за утринските часови. Моменталната видливост на аеродромот е 200 метри, а температурата е минус два Целзиусови степени.

Индексот на квалитет на воздухот во Сараево е 195, тој е нездрав и е на граница на многу нездрав. Воздухот беше многу нездрав вчеравечер.

Луѓето со срцеви и респираторни заболувања, како што е астмата, се предупредуваат на можна појава на засилени симптоми и интензитет на болеста поради нездравиот воздух, додека сите други би можеле да почнат да го чувствуваат негативното влијание на загадениот воздух врз здравјето, пишува „Срна“.

Пациентите со белодробни и кардиоваскуларни заболувања, бремените жени, децата и постарите лица треба да ја намалат секоја физичка активност надвор, а сите други треба да избегнуваат подолг или поголем стрес за време на престојот надвор, предупредуваат од здружението „Екоакција“.