Баликешир кој стана познат откако во него се криеше Љупчо Палевски-Палчо е град во Турција и е главен град на провинцијата Баликешир. Баликешир се наоѓа во регионот Мармара во Турција и има 338.936 жители.
Блиску до денешниот Баликешир бил римскиот град Хадрианутера, основан, како што се споменува неговото име, од императорот Адријан.
Членовите на римската и предвизантиската династија го користеле главниот замок како место за одмор и за лов. За време на византискиот период, малиот град кој станал сè позапоставен бил познат како Палајокастрон што значи Стариот замок.
Comments are closed for this post.