Корекцијата на границата на Косово ќе биде дел од разговорите на светските моќници за време на Минхенската безбедносна конференција, објавува „Српски телеграф“. САД се обидуваат да го забрзаат целиот процес па поради тоа и претседателот Трамп се реши да им пише писма на претседателите Вучиќ и Тачи.

Поделбата на Косово е речиси извесна и Албанците и Србите точно ќе знаат каде им се границите.

На Србија ќе им припадне Северот на Косово со јужна Митровица додека останатиот дел ќе биде под контрола на властите во Приштина.