Над 46 килограми хероин и 13 килограми амфетамини се запленети во специјална акција во Хасково и Благоевград, соопштија од пре-службата на бугарското МВР. Притворени се седум лица.
По неколкумесечна истрага и добиени информации од благоевградски криминолзи, полицијата во Хасково проверила гаража во комплексот „Орфеј“. Таму пронашла пакети со кафена прашкаста материја со тежина од 46,520 килограми и двајца мажи на 46 и 47 години, кои, според полицијата, се поврзани со набавката, пренесувањето и продажбата на хероинот.
Истрагата утврдила дека дрогата била пренесена од Турција преку граничниот премин „Капетан Андреево“ со карго камион на фирма и сокриена во 10 топа платно. Вредноста се проценува на над 5,5 милиони лева или 2,25 милиони евра.
Притворените биле со криминално минато и против нив се подигнати обвиненија и им се заканува затвор од 15 до 20 години.
Акцијата продолжила и во благоевградското село Тополница каде се притворени пет лица кај кои биле пронајдени 13 килограми амфетамини и 46 грама хеорин.
Comments are closed for this post.