Претседателот Владимир Путин во Белград со себе ја понесе и црната актовка попозната како „чегет“.Станува збор за куфер во кој се наоѓаат кодовите за нуклеарно наоружување.

Торбата веднаш до Путин, цврсто во раката ја носеше неговиот телохранител. Името „чегет“ го добила по планинскиот врв на Кафказ што во превод значи „црн“

Системот за контрола има одржува врска помеѓу рускиот шеф на државата и штабот доколку дојде до употреба на нуклеарното оружје. Пристап до куферчето покрај претседателот имаат и министерот за одбрана и началникот на Генералштабот.