Во дворот на членот на Кавачкиот клан, Жељко Бојаниќ, турската полиција пронашла тела на три жени додека трагала по телото на друг криминалец по име Риста Мијановиќ, објави „Блиц.рс“.
Откако беше уапсен во ноември 2022 година под сомнение за убиство на Риста Мијановиќ, Бојаниќ беше изведен пред суд каде што тврдеше дека не го убил.
Сепак, турските истражители дојдоа до фотографии на кои се гледа Ристо Мијановиќ кој откако бил убиен, со возило бил пренесен во вилата на Бојаниќ во Истанбул, каде што бил погребан.
Но, во соопштението на турската полиција се наведува дека при ископувањето не биле пронајдени докази за убиство, туку мачењето на Риста било забележано на фотографиите до кои дошле истражителите во текот на истрагата.
Кој е Жељко Бојаниќ
Жељко Бојаниќ има дури два македонски пасоши, еден на име Спиро Аговски и втор со име на украден идентитет на Јордан Белчев.
На два пати, Бојаниќ во некоја од канцелариите на управните служби на македонското Министерство за внатрешни работи се фотографирал, оставал отпечаток на прст и добил два пасоши со две различни имиња. Дури на 2 март 2021 година е откриен неговиот вистински идентитет.
Comments are closed for this post.