Кроација ерлајнс објави дека од вторник, 30 март, на сите нивни летови се дозволени само заштитни медицински маски, односно обичните памучни маски веќе не се доволни.

Прифатливи навлаки за лице се медицински (хируршки) маски за лице и филтрирачки полумаски (FFP2, N95 или KN95 без вентили) “, објавија на Фејсбук.

Дополнителни правила се објавени на веб-страницата на Кроација ерлајнс:

На сите летови на Кроација ерлајнс, носењето маска над носот и устата е задолжително.
Не се дозволени визири и шалови како замена за навлаки на лицето на нашите летови.
Децата под 6 години не се обврзани да носат маски за лице.
Ако од здравствени причини не можете да носите маска за лице, мора да имате лекарско уверение, како и негативен тест за КОВИД-19.