Со потврдените четири нови случаи со коронавирус, во Албанија бројот на заразени со овој опасен вирус се зголеми на 55 лица.
-Во последните 24 часа, тестирани се 42 сомнителни лица,меѓу нив и здравствени работници, од кои се потврдени 4 нови случаи на „Ковид -19“. До денес тестирани се 605 сомнителни случаи и потврдени се 55 случаи како позитвни,меѓу нив 8 се здравствени работници, потврдуваат од министерството за здравство.
Тројца од пацинетите се на интензивна терапија,еден од нив е на респиратор, додека останатите пациенти, засега се во стабилна состојба.
Најголем број од заразените или 38 лица се од Тирана, 6 од Фиер,5 од Драч(заедно со починатата жена) по две лица од Љушња, Елбасан и Рогожина. Тројца од пацинетите се на интензивна терапија,еден од нив е на респиратор, додека останатите пациенти,додаде Ракацели, засега се во стабилна состојба.
Осумте здравствени работници се од болницата „Шефќет Ндроќи“ каде се тестрани 89 лица од персоналот на болницата а се заразени од пациент. Министертвото побара од здравствените работници добро да се заштитат за време на давањето услуга.
Comments are closed for this post.