Новоименуван командант на косовските безбедносни сили е Башким Јашари, син на Рифат Јашари, брат на Адем Јашари, основачот на ОВК, кој уште пред конфликтот на Косово ја предводеше групата која вршеше напади врз српските безбедносни сили, пренесува Танјуг.
Адем Јашари беше основач на УЧК а беше убиен во нападот на српските специјални полициски сили на селото Преказ, кој траел од 5 до 7 март 1998 година, во кој беа убиени командантот на ОВК, Адем Јашари, и 58 членови на неговото семејство.
Во 1997 година, југословенски суд, во отсуство, го осуди Јашари, еден од основачите на ОВК, за тероризам. Косовските Албанци го сметаат за херој на нивната борба за независност.
За потсетување, Зоран Заев во септември дозволи на косовската војска која не е никаква војска и е во спротивност со резолуциите на Обединетите нации слободно да влегува во Македонија.
Comments are closed for this post.