Внукот на поранешниот претседател на Албанија, Енвер Хоџа, Ермал, е пуштен од затвор каде што издржуваше 10-годишна затворска казна поради шверц на кокаин од Јужна Америка во Европа.
Хоџа и осуммина негови соучесници, меѓу кои и двајца државјани на Колумбија, беа уапсени во во Елбасан во јануари 2015 година, под обвинение дека формирале криминална група за производство и шверц на кокаин наменет за западноевропски земји. Полицијата кај нив заплени 120 килограми дрога, како и пари и оружје.
Ермал Хоџа и неговите соучесниците, во јуни 2017 година добија затворски казни во времетраење од 10 до 13 години. Сепак, бидејќи се согласија на скратен судски процес казните им беа намалени за една третина.
Одлуката за ослободување од понатамошното издржување на заторската казна ја донесе судот во Фиер, бидејќи казната ја издржуваше во затворот во овој град.
Четириесет и три годишниот Хоџа е ослободен условно, врз основа на член 59 од кривичниот законик на Албанија со кој се предвидува условно ослободување по одлежаните три четвртини од затворската казна, како и врз основа на однесувањето на осуденикот. Исто така земен е предвик и фактот што е семеен човек и татко на малолетно дете.
Ермал Хоџа е најстариот внук на Енвер Хоџа, кој беше претседател на Албанија од 1944 до 1985 година.
Comments are closed for this post.