Претседателката на Косово Вјоса Османи со години се мачи со вишок килограми, потроши десетици илјади евра на операција на желудникот во Турција.

Таа се пожалила на најблиските соработници и пријатели дека и пречат килограмите и дека поради тоа ја губи самодовербата. Во исто време, нејзината тежина создавала и здравствени проблеми. Добила предлог од пријател да оди во Турција и со операција да го намали обемот на стомакот. Таа на почетокот го одбила предлогот бидејќи се плашела од операција, но на крајот се согласила.

Со хируршката интервенција лекарот и отстранил околу 80 отсто од стомакот .По операцијата ноќта ја поминала на клиника, а потоа побарала хотелско сместување со пет ѕвездички.

Десет дена подоцна почнала да слабее и досега ослабела најмалку 30 килограми.

Со отстранување на поголемиот дел од желудникот, на човекот му требаат помали количини храна. Оваа процедура, која професионално се нарекува sleeve gastectomy, најчесто се изведува лапароскопски, што подразбира вметнување на мали инструменти преку повеќе мали засеци во горниот дел на стомакот. Оваа постапка ги стимулира хормоналните промени кои помагаат во губење на тежината.