Обвинетиот за корупциски скандал Хајнц-Кристин Штрахе, кој ги напушти сите партиски и државни функции во Австрија, предизвикувајќи владина криза, може да седне во пратеничко столче во новиот состав на Европскиот парламент.

Штрахе добил доволно преференцијални гласови за освојување на пратеничката функција, соопшти агенцијата АПА. Иако поставен дури на 42-то место на листата на својата Австриска партија на слободата, само една недела по аферата „Ибица“, тој може да избие напред благодарение на поддршката на своите подржувачи.

Според податоци на АПА, бившиот крајно десен вицеканцелар веќе добил 40.000 гласа, што е многу повеќе од потребните 33.000.

Засега не е јасно дали Штрахе ќе го прифати мандатот. На својата ФБ страница Штрахе прво напишал дека ќе го прифати мандатот, но подоцна го повлекол својот пост.