Веља невоља тешко ги минува деновите во самица. Како што велат од затворот, тој уште од раните утрински часови лелека и се жали на болки во градите. Тој им вели на стражарите дека ќе има срцев удар и морале да го однесат во затворската амбуланта.

Но, по прегледите се потврдило дека Велимие симулира и оти нема никакви проблеми со срцето.
Слични „симптоми“ покажал и неговиот друга Марко Миљковиќ па полицијата се сомнева дека тоа е договорена игра заедно со нивните бранители.