Имаше ли трговија со органи во Албанија во 1999 година? Што се случи во „Жолтата куќа“?Каква беше судбината на исчезнатите Срби? Како може ОВК да киднапира и убие повеќе од 1.000 луѓе пред речиси 50.000 војници на КФОР? Каква беше атмосферата на Косово и Метохија, откако српските сили го напуштија Косово по потпишувањето на воено-техничкиот договор во Куманово?
Ова се само дел од прашањата на кои одговори новиот филм на Слаѓана Зариќ „Косово досие – Жолтата куќа“ на Радио телевизија на Србија кој ќе биде емитуван вечерва во 21 часот.
Слаѓана Зариќ, автор на документарно-играниот филм „Жолтата куќа“: „Документарно-играниот филм „Жолтата куќа“ е заснован на извештајот на Дик Марти, кој беше усвоен на Парламентарното собрание на Советот на Европа, како и на документот на УНМИК од 2003 година, кој содржи изјави на сведоци, поранешни припадници на УЧК, кои учествувале во транспортот на заробени Срби и други неалбанци од Косово на територијата на Албанија.
Според документот на УНМИК, околу 300 киднапирани Срби биле префрлени од камповите во Косово во импровизирани затвори во Албанија. Заробените Срби биле превезувани со комбиња, фрижидери, а понекогаш дури и пешки ги носеле во Албанија. Тие биле чувани во приватни куќи во Бичаје, Кукеш, Бурељ, село Рипе…“
Отстранувањето на органи е извршено на клиниката во Фуше Крује, која се наоѓа во непосредна близина на аеродромот во Тирана. Жолтата куќа, која досега погрешно се толкуваше како клиника, всучност беше само една станица на патот до крајната локација каде што беа извадени органите на одредени заробени Срби.
Бубрег надвор од телото може да преживее 24 часа, додека срцето, на пример, може да издржи само 4. Дваесет и четири часа беа доволни да се убие затвореник, да му се отстрани хируршки бубрег, а потоа да се префрли со авион во друга земја. каде бубрегот бил трансплантиран на примател кој обично и немал никакво знаење за потеклото на органот.-вели авторката врз основа на она што го прочитала за злосторствата врз Србите.
Comments are closed for this post.