Душан Крсмановиќ, осуден за убиство на премиерот Зоран Ѓинѓиќ, е пуштен од затвор,

Станува збор за поранешен член на Земунскиот клан, кој беше уапсен во полициската акција во „Сабља“ на 12 март 2003 година.

Според одлуката на Апелациониот суд, тој е пуштен на слобода по издржување на две третини од затворската казна. Тој беше осуден на 30 години.

Крсмановиќ истакна дека во Специјалниот суд се бранел со молчење бидејќи нему и на неговото семејство му се заканувале. Обвинетиот рече дека за време и по атентатот „се чувствувал виновен затоа што против негова волја бил учесник во убиството на Ѓинѓиќ.

Тој повтори дека сите убиства за кои е обвинета Земунската група биле нарачани или од Спасојевиќ или од соработникот сведок Љубиша Буха Чума, а ги извршиле и сведоците соучесници Дејан Миленковиќ Багзи, Љубиша Буха Чума и Миладин Сувајџиќ- Чума.

Според обвинението, Душан Крсмановиќ бил на улицата Немања, од каде што го пријавил пристигнувањето на колоната возила кај премиерот. Во својот завршен говор рече:

„Искрено се каам за се што ме доведе до оваа ситуација и позицијата во која се наоѓам денес. Се каам и за моите деца кои растат без татко, се каам за многу повеќе, но имам верба во Бог. Тој ги знае моите намери и верувам дека ќе биде на моја страна…“.