Нови детали од трагедијата која ја потресе Хрватска, но и регионот, кога аргентинска дога изгриза едномесечно девојче кое со тешки повреди е пренесено на клиниката во Загреб каде е оперирано.
Полицијата го истражува случајот, против 45 годишниот Б.К татко на детето старо 39 дена, кое на главата е изгризано од неговата дога.
Мајката и таткото биле во куќата и го оставиле детето да спие. Во еден момент, наводно бебето се разбудило и почнало да плаче, а кучето се стрчало кон неговата соба. Кога пристигнало до колевката ја гризнало за главата.
Родителите во кобниот момент слушнале врисок и лаеж, а кога влегле во собата го затекнале тешко повреденото бебе. Веднаш повикале итна помош и девојчето најпрво било однесено во болница, а потоа префрлено на Клиниката во Загреб. Кучето било однесено од ветеринарна служба и ставено во карантин за набљудување.
Последните информации говорат дека бебето и понатаму се бори за живот, приклучено е на апарат за дишење и е под седативи. Итно е оперирано во петокот, а директорот на болницата Горан Роиќ вели дека состојбата е стабилна, но сериозна.
Има повреди на мозочните структури, крварење и повеќе скршеници на черепот. Се наоѓа во одделението за интензивна нега, влучена на респиратор и под седативи“, изјави Роиќ.
Коментар даде и министерот за здравство Милан Кујунџиќ кој рече дека операцијата поминала добро, но повредите, за жал, се многу сериозни и опасни по живот.
Comments are closed for this post.