Под обвинение дека намерно подметнале пожар со палење сува трева, на грчкиот остров Крит беа уапсени две лица на 37 и 16-годишна возраст, соопштуваат од Противпожарната служба на Грција, jави дописничката на МИА од Атина.

Истражни службеници на Управата за противпожарна служба на префектурата Ираклио на грчкиот остров Крит, вчера ги уапсиле двете лица под сомнение дека се виновни за вчерашниот пожар.