Поранешната грчка министерка за надворешни работи, Дора Бакојани, изјави дека владата нуди финансиски стимулации на пратеници, кои не се членови на Сириза, за нивна поддршка при гласањето за доверба, пишува електронското издание на весникот „Катимерини“.

Во коментарот за грчката телевизија Скај, Бакојани изјави дека верува оти левичарскиот премиер Алексис Ципрас ќе собере 151 глас во парламентот на Грција, кој брои 300 пратеници, за да обезбеди преживување на својата влада „преку методи кои потсетуваат на политички договор“.

Бившата министерка од Нова демократија рече дека очекува владата да го достави договорот од Преспа пред парламентот веднаш по завршувањето на гласањето за доверба.