Даниел Војновиќ (31) кој во март побегна од притвор во Германија, уапсен е по потерница од Интерпол во Темерин, Србија.
За потсетување, тој побегна за време на дозволена посета на неговите родители, во придружба на стражар. Меѓутоа, тогаш го искористи нивното невнимание, најпрво се заклучил во собата, а потоа побегнал низ прозор. Седнал во автомобилот на своите родители и заминал во непознат правец.
Полицијата тогаш ги извести граѓаните дека станува збор за „исклучително опасен, непресметлив Србин“ и повика да се јават доколку имаат било каква информација за него.
Германските медиуми тогаш објавија дека граѓаните се во паника, бидејќи наводно Војновиќ на неговиот затворски терапевт, но и цимерите од ќелијата им кажал дека поседува список за отстрел.
Наводно, после неговото бегство сите судии и поротници кои учествувале во неговото судење после кое е осуден на казна затвор од три години и седум месеци, доделено е обезбедување.
Comments are closed for this post.