Настан без преседан се случил во Егејот кога турски авиони имале блиска средба со хеликоптерот во кој се наоѓал грчкиот премиер, Алексис Ципрас.

За инцидентот лично информирал Ципрас, пренесе „Ефимерида“, по парадата на островот Агатоноси каде тој бил да положи венец по повод Денот на независноста.

Хеликоптерот на премиерот бил принуден да изврши опасен маневар и да се спушти многу ниско, а потоа во акција тргнале грчките ловци кои ги пресретнале турските авиони.

Имам чест да бидам присутен на парадата во Агатониси, како и некои турски авиони. Изгледа и тие сакаат да учествуваат на нашата национална прослава. Го принудија хеликоптерот да направи ниска маневра, а потоа грчките авиони, како и секогаш, ги запреа силите кои ги повредија нашиот национален воздушен простор“, изјави Ципрас.

Во моментов нема официјална реакција на Анкара за инцидентот во Егејот.