Турскиот суд во четвртокот осуди 17 поранешни високи воени лица на 141 доживотна казна затвор во едно од најголемите судења поврзани со обид за државен удар во 2016 година, извести државната новинска агенција Анадолија.
Судењето кое опфати 224 осомничени, одржано е во затворот Синкан во Анкара, а започна во 2017.
Обвинението на 2581 страници вклучува кршење на уставот, обид за државен удар и убиство на 251 граѓанин, наведува Анадолија.
Најстрога казна откако е укината смртната казна
Доживотната казна затвор е највисока во Турција откако смртната казна беше укината во 2002 година, посебно дека не постои можност да помилување.
Турција го обвини исламскиот свештеник, кој моментално живее во САД, Фетулах Ѓулен за обидот за државен удар на 15 јули 2016, извршен од страна на фракција на војската.
Меѓу обвинетите се најде и поранешниот воен заповедник на воздухопловните сили, Акин Озтурк, обвинет дека го водел Советот за мир која наводно ги координирал војниците. Тој, по Ѓулен, е главниот осомничен.
Од обвинетите, 176 се уапсени, 35 се осудени во отсуство, а 13 се уште се на слобода. На 13-те лица кои се во бегство ќе им се суди одделно.
Осудени се над 20 илјади луѓе
Во април претседателот Реџеп Таип Ердоган рече дека вкуно 20.226 луѓе се осудени под обвиненија поврзани со обидот за државен удар.
Како последница на обидот за пуч, повеќе од 31 илјада луѓе се отпуштени од полицијата, 15 илјади од војската, а четири илјади од судовите.
Ѓулен негираше било каква вмешаност во неуспешниот обид за удар во кој загинаа 251 лице, а повеќе од 2 илјади беа повредени.
Comments are closed for this post.