Првиот хрватски претседател Фрањо Туѓман свесно го ризикувал животот на 12 полицајци за да ја започне војната со тогашна СФРЈ. Ова го открива хрватскиот новинар Борис Дежуловиќ.

Според него, трагичниот настан во Борово село крај Вуковар на 2 мај 1991 година е исениран лично од Туѓман. Тој настан го означи почетокот на војната во Хрватска и етничко чистење на Србите.

Што барале припадниците на винковачката полиција во мнозинско српско и мирно село како Борово.Во селото не се веело никакво четничко знаме туку обично знаме на СФРЈ која уште имаше рок на употреба – пишува Дежуловиќ.