Премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ, кој е во посета на Франција, изјави дека претседателот Емануел Макрон на средбаta во Париз ветил дека Црна Гора ќе биде првата следна членка на Европската унија.

Прво, ќе работиме на одбраната, па министрите за здравство ќе се сретнат во Париз за да работат на тој дел од здравствените проекти. Ќе имаме и инфраструктура во контекст на развојот на автопатиштата и железницата, како и екологијата. Очекуваме забрзан развој на билатералните односи – рече Спајиќ.