Американската разузнавачка агенција ЦИА работела по план на Балканот. Во најпознатата анализа под бројот 15-90, точно се предвидени настаните по смртта на Тито, колапсот на државата и граѓанските војни. Истовремено, најавено е дека најтешките конфликти ќе се водат во БиХ и Косово, објаби „Република.рс“.

Американскиот амбасадор Ворен Цимерман бил испратен во Југославија во 1989 година со специјална задача. Пораката што ја донесе, а која од Вашингтон ја испрати заменик-државниот секретар на САД, Лоренс Иглбергер, била дека Југославија си го одслужи своето време и дека повеќе нема значење за Америка како што ја имаше за време на Студената војна.

Документи од 1990 година: Детален распоред на државата

 

– Сè почнува од Словенија на почетокот на 1990 година.

– Во Словенија, а во помала мера и во Хрватска „никнува нов национализам, свртен кон Западот“.

-Со отцепувањето на Словенија и Хрватска, Југославија ќе престане да функционира како федерална држава

– За една година веројатно се ќе се распадне

– Економските реформи нема да спречат распаѓање

– Србија ќе го блокира обидот на Словенците и Хрватите да формираат конфедерација од Југославија

– Распадот ќе продолжи и по заминувањето на Словенија и Хрватска

– Насилството ќе биде жестоко и долготрајно

– БиХ претставува најголема закана за развојот на фундаменталните етнички поделби во Југославија меѓу Србите и Хрватите во големо меѓузаедничко насилство

– Етничката мешавина во БиХ, муслиманите повеќе од 40 отсто, Србите 32 отсто и Хрватите 18 отсто од вкупното население – отсекогаш била потенцијално опасна

-По ова ќе следи воен бунт на Албанците на Косово, кои ќе имаат поддршка од албанското малцинство во Црна Гора и Македонија.