Семејна трагедија во Словенија. Дваесет и двегодишно момче од Љубљана ги убил својата сестра, татко, мајка па потоа се самоубил, пишуваат словенечките медиуми.
Синоќа околу 21 часот љубљанската полиција добила дојава за настан во местото Јанче каде се пронајдени четири безживотни тела.
Според првичните информации, 22 годишникот пукал на членовите од семејството на возраст од 26, 56 и 60 години. Сите умреле на лице место, соопштиле од полицијата.
Според информациите, убиените на напаѓачот му биле мајка, татко и сестра. Момчето од претходно и било познато на полицијата. Оружјето со кое се извршени убиствата било во сопственост на 60-годишната жртва.
Comments are closed for this post.